Најдобрата светска тенисерка Американката Серена Вилијамс влегува во посакуваната форма во вистинско време на вториот грен-слем оваа сезона, Ролан Гарос.
По неколкуте тешки мечеви во воведните кола, Вилијамс буквално ја декласираше Сара Ерани во четврфиналето допуштајќи и само четири гема (6-1, 6-3).
Ерани немаше никакви шанси за подвиг и прашањето на победникот беше решено уште во почетните гемови, кога Серена Вилијамс одигра маестрално и покажа дека е најсериозен кандидат за освојување на првото место оваа година.
Во полуфиналето таа ќе се сретне со Швајцарката Тимеа Бачински која повторно одигра долг меч на Ролан Гарос овојпат против против Белгијката Алисон Ван Ујтванк која досега важеше за најпријатно изненадување на турнирот.
Бачински славеше со 2-0 (6-4, 7-5) во сетови и заслужено се пласираше меѓу четирите најдобри тенисерки и во полуфналето ќе се обиде да ја изненади Серена Вилијамс.
Во првото полуфнале силите ќе ги одмерат Ана Ивановиќ и Луси Сафарова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.