| четврток, 6 декември 2018 |

Атила Видњански е добитникот на награда за исклучителни естетски достигнувања во областа на театарот

Атила Видњански, едно од најголемите режисерски имиња на унгарскиот и европски театар е добитинк на наградата за исклучителни достигнувања во областа на театарот која ја доделува Македонскиот народен театар во рамките на Меѓународниот театарски фестивал МНТ – ФЕСТ. Наградата му беше врачена вчеравечер на сцената на МНТ.

unnamed

Атила Видњански

 

Наградата ја симболизира театарската традиција на македонската почва и ќе се доделува секоја година. Наградата за се доделува на автори или театарски институции за нивниот придонес  во театарската уметност, велат од МНТ.

Наградата се доделува по втор пат. Минатогодишен добитник беше Шекспировиот „Глоб“ театар за својата светска мисија за чување и ширење на Шекспировите дела.

Атила Видњански е режисер кој што критиката го оценува како визионер на новото театарско време и автор кој што во секоја своја претстава ги истражува и открива новите методи и изразни средстава на актерската игра. Неговата сценска естетика е оригинална која во својата основа ја има епската форма. За неговите врвни достигнувања сведочат и големиот број на награди и признанија за неговата работа.

unnamed (1)

Видњански е режисер кој што критиката го оценува како визионер на новото театарско време

 

Видњански е роден во Берегово (Украина), 1964 г. Дипломира на Факултетот за Унгарски јазик и книжевност при Државниот универзитет во Ужхород, 1985 г. По неколку години се запишува на Академијата за филмски и театарски уметности во Киев (Украина), каде што дипломира на Катедрата за театарска режија. Предава Уметност на глумата сè до 1997 г. Тој е основач и уметнички директор на Унгарскиот народен театар во Берегово.

Освен во неговиот матичен театар, има работено и во Рускиот национален театар во Киев, потоа во Словачка и во театрите на поранешна Југославија. Од 1999 година режира претстави во Унгарија и тоа: во стариот Народен театар, потоа Унгарскиот театар во Пешта и Новиот театар во Будимпешта. Има работено и во Новиот народен театар, театарот во Ѓула и Унгарската државна опера, каде што во 2004 г. е назначен за генерален директор. Од 2013 г. е директор на Националниот театар во Будимпешта; од 2013 г. проректор на Универзитетот во Капошвар; од 2012-2013 г. директор на Театарскиот институт при Универзитетот во Капошвар: 2008-2010 г. уметнички директор на Оперскиот фестивал и натпревар во Шегед; од 2009 г. е претседател на организацијата Унгарско театарско здружение; од 2006 г. е уметнички директор, а од 2009 година е генерален и уметнички директор на театарот Чоконаи во Дебречен.

Добитник е на многубројни награди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top