Шест луѓе државјани на Србија, БиХ и на Црна Гора кои се уапсени во загрепската населба Сигет под сомнение дека планирале ограбување банки, се огранок на бандата Пинк Пантер, објави Јутарњи лист.
Тие се уапсени вчера во голема полициска акција.
Весникот додава дека со тоа „полицијата спречила добро испланирана серија крвави разбојништва во финансиски институции во метрополата“.
Во станови и гаражи кои ги користеле, запленети се повеќе бомби, динамит, оружје и муниција. Криминалната група украла и три автомобили кои требало да ги користат при ограбувањата и потоа да бидат запалени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.