Речиси 60 лица се уапсени денеска во Истанбул во рамки на полициска операција против осомничени припадници на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, јави турската телевизија НТВ.
Акцијата била извршена по наредба на Истанбулското јавно обвинителство.
Уапсените 57 лица биле корисници на апликацијата „Бајлок“, за која турските власти сметаат дека била употребувана при подготовките на ланскиот обид за државен удар.
Според полицијата, при претресот на домовите на уапсените биле пронајдени и дигитални доказни материјали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.