Канцеларијата на париското обвинителство соопшти дека 10 лица се уапсени во рамки на истрагата по осомничените кои со оружје го снабдиле едниот од тројцата напаѓачи врз редакцијата на хумористичниот весник „Шарли ебдо“ и потоа кошер продавницата, од јануари 2015 година, кога во Париз беа убиени 17 лица.
Во соопштението се наведува дека тие се уапсени во последните три дена.
Цел на истрагата биле осомничени за вмешаност во снабдувањето со оружје на Амеди Кулибали, кој во продавница во источниот дел на Париз уби четири лица, а потоа и жена полицаец во одвоен инцидент.
Калибали беше убиен во престрелката со полицијата.
Тој бил соучесник на браќата Шериф и Саид Куаши, кои во нападот врз „Шарли ебдо“ убија 12 лица. И тие, исто така, беа убиени во пресметката со полицијата, потсетуваат американските медиуми
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.