| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Ивановиќ и Луси Шафарова ќе играат во првото полуфинале на Ролан Гарос

Српската тенисерка и поранешна шампионка на Ролан Гарос Ана Ивановиќ по пауза од седум години повторно ќе игра едно полуфинале на гренслем турнирите откако во четвртфиналето лесно со 2-0 (6-3, 6-2) во сетови и само пет загубени гема ја победи Елена Свитолина.

Во полуфиналето Ивановиќ ќе се сретне со Луси Шафарова која се помачи малку во својот чертвртфинален меч против шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруза, откако во првиот сет дути по тајбрејк славеше за да поведе во мечот, а потоа во вториот со 6-3 си обезбеди пласман меѓу најдобрите четири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top