Швајцарското дерби во четвртфиналето на Ролан Гарос заврши со неочекувана победа на Станислас Вавринка над Роџер Федерер со максимални 3-0 (6-4, 6-3, 7-6) во сетови.
Вавринка буквално го „збриша“ Федерер за неполни два саата врвен и беспрекорен тенис, кој го прикажа помладиот Швајцарец.
За пласман во финалето Вавринка ќе се сретне со победникот од второто четвртфинале меѓу Цонга и Нишикори, а моменталниот резултат е 2-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.