На олимпискиот стадион „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево, стаса столот на кој ќе седи папата Франциск за време на светата миса. Папата в петок ќе го посети главниот град на Босна и Херцеговина.
– Столот е завршен пред три дена во резбарската работилница „Хајдер арт“ и поради безбедносни причини постојано беше чуван од полицијата – изјави свештеникот Миро Бешлиќ.
Изработката на столот ја финансирале верниците на католичката црква „Свети Јосип“.
Столот се изработувал два месециаи е дело на Един и Салем Хајдеровац. Освен нив, работеле и Дино Чехтаревиќ и Мујо Самба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.