Млад возач-почетник преживеа автомобилска несреќа откако се судрил со британски тенк во близина на германскиот град Аугусдорф.
Осумнаесетгодишниот Германец, кој вчера попладне возел возило марка „тојота“, не успеал да го избегне тенкот од 68 тони, управуван од британски војник од силите на НАТО, стационирани во Германија. Потоа дошло до несреќата на патот, кој меѓу локалното население е познат како „тенковска заобиколница“.
Местото на инцидентот се наоѓа покрај две британски воени бази каде што има полигони за тренинг на силите на НАТО, а улицата која води до нив локалните жители најчесто ја избегнуваат.
Претходно на почетокот на годинава екипаж на британските единици со својот тенк влезе во дворот на германска брачна двојка во градот Падерборн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


