Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека Британците нема да гласаат за напуштање на ЕУ, како и дека британскиот премиер Дејвид Камерон ќе го искористи планираниот референдум за трајно врзување на земјата за Унијата.
Во интервју за германскиот весник „Зидојче цајтунг“, Јункер не зборува за содржината на неговиот минатонеделен разговор со Камерон во резиденцијата во Чекерс во близината на Лондон, не откривајќи кои се барањата на Велика Британија кон ЕУ, кога станува збор за „потемелна рефирма“ на Унијата.
Листата на британските барања останува непозната и за домашната јавност, освен обелоденувањето на „црвената линија“ на Владата во Лондон за ставање ограничување на приливот на имигранти од земјите на ЕУ, како и блокирање на нивниот пристап до британските социјални бенифиции, во првите четири години од нивото живеење и работење во Велика Британија.
Јункер верува дека напуштањето на ЕУ не е она што го посакуваат Британците, а дека тоа не е цел ниту на Камерон, иако британскиот премиер веднаш по победата на неговата партија на парламентарните избори минатиот месец, порача дека сега има мандат од гласачите за нови преговори околу иднината на Велика Британија во ЕУ, нагласувајќи дека Британците не прифаќаат оджувањето на сегашното статус-кво во односоте со Брисел.
Јункер во интервјуто за минхенскиот весник, од своја страна, забележува дека онака како што треба да се респектира одлуката на гласачите (во Велика Британија), треба да се почитуваат и општите интереси, како и чувствата и позициите на другите 27 земји-членки на ЕУ.
Ваквата порака, освен до Лондон, Јункер ја испраќа и до владата во Атина и до нејзниот премиер Алексис Ципрас, по неговиот „воинствен“ напис во парискиот весник „Монд“ и потребата Грците да ги почитуваат чувствата и на другите земји од еврозоната.
Интервјуто на Јункер за „Зидојче Цајтунг“ е направено пред неговата синоќешна средба во Берлин со германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.
Главната тема на разговорот била Грција и продолжувањето на кризата со нејзините долгови, која се засили по одлуката на грчките гласачи да им дадат мандат на Ципрас и неговата левичарска партија Сириза, која ветуваше нови преговори со кредиторите и реструктуирање на долговите, со мораториум во плакањето.
Аналитучарите во Лондон веруваат дека покрај грчките долгови, тројцата водечки европски политичари зборувале и за британските барања за реформирање на ЕУ, според британскиот план, и за најавениот референдум, особено што Камерон претходно се сретна со сите тројца.
Британскиот премиер, призна подоцна, дека останал задоволен од разговорите со Меркел, но дека од Оланд и од полскиот премиер Ева Копач добил „помалку позитивни одговори“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јункер напаѓа повторно: Кафен чевел за левата, црн за десната нога (видео)
-
Скандал во Британија: Компанија за болнички отпад, складирала човечки тела
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста
-
Британците го отфрлаат планот на Меј за „Брегзит“