| четврток, 6 декември 2018 |

Атина демантира дека добила предлог-договор од кредиторите

grcijaГрчката Влада соопшти дека не добила предлог-договор од страна на кредиторите, ниту пак премиерот или други владини функционери имале контакти со претставници на доверителите Европските лидери и шефот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) синоќа во Берлин одржаа вонреден состанок на кој разговараа за начините како да се избегне банкрот на Грција и се согласија да се интензивираат разговорите за судбината на земјата.

Според извори запознати со содржината на состанокот, целта на средбата била да се состави понуда која Грција може да ја разгледа во наредните денови. Некои светски медиуми, од кои повеќето германски, денеска јавија дека до Атина е испратен нацрт-договор, кој всушност претставува конечен предлог од страна на кредиторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top