Во конфликтот во Авганистан од 2001 година, кога започна меѓународната интервенција со која беше соборен талибанскиот режим, загинаа речиси 100.000 цивили, а исто толку се ранети, се наведува во студијата на Институтот за меѓународни студии на Универзитетот „Браун“.
Во стуијата под наслов „Цената на војната“ се наведува дека станува збор за број на загинатите, повредени и раселени лица во Авганистан од 2001, па до минатата година, кога меѓународните сили ја напуштија земјата. Бројот на загинатите цивили и војници од двете земји е речиси 149.000, а 162.000 се ранети, се наведува во студијата.
Констатирајќи дека бројот на загинатите и ранети лица порасна во изминатите неколку години, авторката на извештајот Нета Крафрд, додава дека војната во Авганистан „станува се полоша“.
Обединетите нации наведуваат дека бројот на цивилни жртви пораснал за 16 отсто во првите четири месеци во 2015 година, кога загинале 974 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



