| четврток, 6 декември 2018 |

На Скопје му се случи „Уан рипаблик“ (видео)

one
На Македонија ѝ се случи „Уан рипаблик“. Големата светска група вчера за првпат одржа концерт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, во рамките на својата летна турнеја. Неверојатната атмосфера, светски концерт. Уживаше, се забавуваше, лудуваше целата сала. Водачот Рајан Тедер, кој одлично пее, а притоа и како автор на неколку големи хитови за светски познатите ѕвезди од типот на Бијонсе и Адел покажа дека точно знае да направи песна што ќе освои милиони, ја фрли публиката во салата во делириум и како пејач, но и како забавувач. Неуморно скокаше од звучник на звучник, ги менуваше сцените и инструментите. Како прав шоумен ја држеше публиката во дланка земајќи ги камерите од камерманите и снимајќи ја публиката и атмосферата.

Шесттемина членови на групата, кои, исто така, извонредно свират и по неколку инструменти, беа на висина на задачата махерски свирејќи за сè да звучи како студиска снимка. Иако не скокаа по сцената заедно со Рајан, кој пејачки и аранжмански е одличен, дадоа сè од себе за впечатокот да биде извонреден.
Македонската публика доживеа вистински делириум кога Рајан го изнесе македонското знаме и праша дали нашата земја се вика Маседониа, или Македонија. Кога од публиката го доби вистинскиот одговор им рече на членовите на групата дека секој од нив ќе добие ќотек ако не вели Македонија.

Сет-листата на „Уан рипаблик“ беше од типот на најголемите хитови, па можеа да се слушнат „Good Life“, „All The Right Things“, „Apologize“, „Counting Stars“, „Secrets“, „Stop And Stare“….. а се едни од ретките што на концертите изведуваат и туѓи песни како „Budapest“ на Џорџ Езра, „Stay With Me“ на Сам Смит или совршениот евергрин за крај „What A Wonderful World” на легендарниот Луис Армстронг.


Видео: Фејсбук

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top