| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Милан Ристески: Превенцијата е најдобар и најевтин начин како да се зaштитиме од карцином

 Ус­лов­но мо­же да се ка­же де­ка ја гу­би­ме би­тка­та, ме­ѓу­тоа по­сто­јат оп­ции на кои тре­ба да обр­не­ме вни­ма­ние за да се нај­де ал­тер­на­ти­вен бу­џет. Пред сè, тој ал­тер­на­ти­вен бу­џет би бил од мно­гу по­го­лем да­нок на ци­га­ри, на ал­ко­хол, на бр­за хра­на, да­нок на за­га­ду­ва­ње. Си­те тие да­но­ци би тре­ба­ло да вне­сат до­вол­но па­ри за да мо­же да се ре­ши овој проб­лем и да не ја гу­би­ме би­тка­та со кан­це­рот, ве­ли ди­ре­кто­рот на Кли­ни­ка­та за ра­ди­о­те­ра­пи­ја и он­ко­ло­ги­ја, д-р Ми­лан Ри­сте­ски

Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја (СЗО) во 2015 го­ди­на оче­ку­ва нов го­лем број ли­ца за­бо­ле­ни од рак. Глав­ни­те фа­кто­ри на ри­зик за по­ја­ва на ова за­бо­лу­ва­ње се пу­ше­ње­то, ал­ко­хо­лот, де­бе­ли­на­та, пре­ку­мер­но­то вне­су­ва­ње ше­ќер и фи­зич­ка не­а­ктив­ност.

По­да­то­ци­те на Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је по­ка­жу­ва­ат де­ка ду­ри 30 про­цен­ти од смрт­ни­те слу­чаи кај за­бо­ле­ни од рак се по­ра­ди нез­дра­во од­не­су­ва­ње и нез­дра­ва ис­хра­на, зго­ле­ме­на те­жи­на, не­до­вол­но вне­су­ва­ње све­жо овош­је и зе­лен­чук, не­до­стиг од фи­зич­ка актив­ност, пу­ше­ње и дру­го. Ла­ни на Кли­ни­ка­та за ра­ди­о­те­ра­пи­ја и он­ко­ло­ги­ја се ле­ку­ва­ле 4.200 бол­ни од рак, а во Ма­ке­до­ни­ја би­ле ре­ги­стри­ра­ни ре­чи­си двој­но по­ве­ќе, око­лу 7.000 но­во­за­бо­ле­ни од ма­лиг­ни за­бо­лу­ва­ња.

СЗО пре­ду­пре­ду­ва де­ка ра­кот е од­го­во­рен за 8,2 ми­ли­о­ни смрт­ни слу­чаи во 2012 го­ди­на, а се оче­ку­ва де­ка бро­јот на за­бо­ле­ни ќе се зго­ле­ми на 22 ми­ли­о­на во след­ни­те две де­це­нии. Кар­ци­но­мот во нај­го­лем број слу­чаи во де­неш­но вре­ме се сме­та де­ка е бо­лест на жи­вот­ни­от стил. Мај е ме­сец во кој се ста­ва ак­цент на зго­ле­му­ва­ње на јав­на­та свест за из­ло­же­но­ста на вре­мен­ски­те фа­кто­ри, ве­ли д-р Ми­лан Ри­сте­ски, ди­ре­ктор на Кли­ни­ка­та за ра­ди­о­те­ра­пи­ја и он­ко­ло­ги­ја во Скоп­је.

 

03 (Custom)

Тренд е кар­ци­но­мот да се вне­се во та­ка­на­ре­че­ни­те хро­нич­ни бо­ле­сти, вели д-р Ристески

 

Да­ли ја гу­би­ме би­тка­та со ра­кот и да­ли по­ра­ди по­до­бра ди­јаг­но­сти­ка се зго­ле­му­ва бро­јот на но­во­о­ткри­е­ни слу­чаи?

РИ­СТЕ­СКИ: По­ра­ди по­до­бре­на­та ди­јаг­но­сти­ка, има­ме по­го­лем број но­во­о­ткри­е­ни слу­чаи, но број­ки­те не се дра­стич­ни. Има­ме ста­бил­на стап­ка од еден до три про­цен­ти, од­нос­но сред­на­та вред­ност би би­ла два про­цен­та на го­диш­но ни­во, со тоа што по­до­бре­на­та ди­јаг­но­сти­ка, за сре­ќа, ни ги да­ва но­во­за­бо­ле­ни­те во ран ста­ди­ум. То­гаш мо­же­ме да из­ле­зе­ме со по­ве­ќе трет­ман­ски оп­ции за па­ци­ен­тот. Да­ли ја гу­би­ме би­тка­та? Тренд е кар­ци­но­мот да се вне­се во та­ка­на­ре­че­ни­те хро­нич­ни бо­ле­сти. Ве­ќе цел­на­та те­ра­пи­ја до­не­се мно­гу по­ве­ќе ли­нии те­ра­пи­ја, по­ве­ќе те­ра­пи­ски оп­ции што, за жал, чи­нат мно­гу па­ри. Во про­сек, со таа цел­на те­ра­пи­ја, еден па­ци­ент го­диш­но чи­ни око­лу сто ил­ја­ди евра. Та­ка што во од­нос на фи­нан­си­и­те што ни се до­стап­ни, ние не­ма­ме до­вол­но, та­ка што мо­же да се ка­же де­ка ус­лов­но ја гу­би­ме би­тка­та, ме­ѓу­тоа по­сто­јат оп­ции на кои тре­ба да обр­не­ме вни­ма­ние за да се нај­де ал­тер­на­ти­вен бу­џет. Пред сè, тие ал­тер­на­тив­ни бу­џе­ти би би­ле од мно­гу по­го­лем да­нок на ци­га­ри, на ал­ко­хол, на бр­за хра­на, да­нок на за­га­ду­ва­ње. Си­те тие да­но­ци би тре­ба­ло да вне­сат до­вол­но па­ри за да мо­же да се ре­ши овој проб­лем и да не ја гу­би­ме би­тка­та со кан­це­рот.

 

Ту­ту­нот и ци­га­ри­те се ме­ѓу пр­ви­те фа­кто­ри на ри­зик за по­ја­ва на рак. Ка­ко да се од­вик­не­ме од таа ло­ша на­ви­ка?

РИ­СТЕ­СКИ: Кар­ци­но­мот во нај­го­лем број слу­чаи во де­неш­но вре­ме се сме­та де­ка е бо­лест на жи­вот­ни­от стил. Мај е ме­сец во кој се ста­ва ак­цент на зго­ле­му­ва­ње на јав­на­та свест за из­ло­же­но­ста на вре­мен­ски­те фа­кто­ри. Мо­ра да вни­ма­ва­ме на не­кол­ку фа­кто­ри ка­ко оп­штес­тво во на­со­ка на зго­ле­му­ва­ње на свес­но­ста. Мно­гу е важ­на про­ме­на­та во на­чи­нот на ис­хра­на. Те­че кам­па­ња за здра­ва ис­хра­на и мис­лам де­ка е мно­гу ус­пеш­на. Вне­се­ни­те ка­ло­рии не ус­пе­ва­ме ни од­да­ле­ку да ги по­тро­ши­ме. Тоа е енер­ги­ја што се скла­ди­ра не­ка­де, и тоа нај­че­сто ка­ко мас­но тки­во. По­твр­де­ни се сту­ди­и­те кои ка­жу­ва­ат де­ка де­бе­ли­на­та е го­лем фа­ктор на ри­зик за кар­ци­ном. Пу­ше­ње­то е нај­го­ле­ми­от не­при­ја­тел на здрав­је­то на чо­ве­кот. Тур­ци­ја има­ше мно­гу се­ри­оз­на кам­па­ња про­тив пу­ше­ње­то во 2012 го­ди­на. До­то­гаш Тур­ци­ја бе­ше зем­ја со нај­го­лем број пу­ша­чи по жи­тел. За две го­ди­ни, во 2014 го­ди­на, бла­го­да­ре­ние на кам­па­ња­та, пад­на на 13. ме­сто во Евро­па. Мо­же­би тре­ба да се раз­мис­ли и кај нас за та­ква кам­па­ња. Пу­ше­ње­то е те­шка бор­ба. Ста­ну­ва збор за те­шка за­вис­ност ко­ја не се ле­ку­ва ту­ку-та­ка. По­го­ле­ми­от дел од страст­ни­те пу­ша­чи по­ве­ќе­па­ти се оби­ду­ва­ат да пре­ста­нат и не им оди од ра­ка. По­тре­бен е се­ри­о­зен тим пси­хи­ја­три за да им да­дат под­др­шка. По­сто­јат и одре­ден број но­ви ле­ко­ви кои се­то тоа го олес­ну­ва­ат, го за­бр­зу­ва­ат отка­жу­ва­ње­то и по­ма­га­ат во до­не­су­ва­ње од­лу­ка за не­пу­ше­ње. По­треб­но е зго­ле­ме­на фи­зич­ка актив­ност. Кол­ку е по­го­ле­ма фи­зич­ка­та актив­ност во те­кот на де­нот тол­ку е по­ма­ла ве­ро­јат­но­ста де­ка мо­же­ме да за­бо­ли­ме од кан­цер.

 

02 (Custom)

Кол­ку е по­го­ле­ма фи­зич­ка­та актив­ност во те­кот на де­нот тол­ку е по­ма­ла ве­ро­јат­но­ста де­ка мо­же­ме да за­бо­ли­ме од кан­цер

 

Ма­ке­до­ни­ја не е на вр­вот на нес­лав­на­та ли­ста спо­ред бро­јот на но­во­за­бо­ле­ни, но е на вр­вот спо­ред бро­јот на мор­та­ли­тет. Ка­ко ги ко­мен­ти­ра­те тие број­ки?

РИ­СТЕ­СКИ: Не­до­сти­гот од но­ви ле­ко­ви на по­зи­тив­на­та ли­ста, осо­бе­но од цел­на­та те­ра­пи­ја си го пра­ви сво­е­то. Од цел­на­та те­ра­пи­ја, и тоа са­мо од пр­ва­та ге­не­ра­ци­ја, ние има­ме са­мо три мо­ле­ку­ли на по­зи­тив­на­та ли­ста. Има ба­рем уште два­е­се­ти­на дру­ги мо­ле­ку­ли кои би тре­ба­ло да се нај­дат на но­ва­та по­зи­тив­на ли­ста би­деј­ќи ни­во­то на еви­ден­ци­ја што го по­се­ду­ва­ат ка­ко трет­ман е нај­ви­со­ко. Што е нај­важ­но, овие мо­ле­ку­ли го зго­ле­му­ва­ат пре­жи­ву­ва­ње­то не на еден, два или три ме­се­ци, ту­ку пре­жи­ву­ва­ње­то се ме­ри во го­ди­ни.

 

Ка­ко да се за­си­ли би­тка­та со кан­це­рот?

РИ­СТЕ­СКИ: Тоа тре­ба да се сто­ри на по­ве­ќе ни­воа. Пр­во пре­ку пре­вен­ци­ја би­деј­ќи тоа е нај­е­вти­ни­от на­чин. Тоа зна­чи стоп на пу­ше­ње­то ци­га­ри, упо­тре­ба­та на ал­ко­хол во нај­го­ле­ма мож­на ме­ра. По­треб­но е да се кон­су­ми­ра здра­ва хра­на, но не здра­ва хра­на по де­фи­ни­ци­ја, ту­ку хра­на не­тре­ти­ра­на со пе­сти­ци­ди. Ко­га ќе оти­де­ме на па­зар, не сме се­ко­гаш си­гур­ни што ку­пу­ва­ме, кол­ку про­ду­кти­те се тре­ти­ра­ни со пе­сти­ци­ди. Мо­же­би на лик ни изг­ле­да­ат го­ле­ми, уба­ви и соч­ни, но из­ле­гу­ва де­ка тие што се по­мал­ку уба­ви на лик се по­мал­ку тре­ти­ра­ни со пе­сти­ци­ди. Го­лем дел од кла­сич­на­та хе­мо­те­ра­пи­ја што се упо­тре­бу­ва де­нес про­из­ле­гу­ва од тие рас­ти­тел­ни ци­то­ста­ти­ци, а тоа се фа­ктич­ки рас­ти­тел­ни пе­сти­ци­ди што има­ат ци­то­стат­ско дејс­тво. Пе­сти­ци­ди­те што се ко­ри­стат во агро­кул­ту­ра­та има­ат ци­то­стат­ско дејс­тво. Мо­ра да се зго­ле­ми фи­зич­ка­та актив­ност. По­треб­но е да се по­до­бри и ква­ли­те­тот на на­ша­та здрав­стве­на ус­лу­га, она што ние го да­ва­ме и ка­ко ди­јаг­но­сти­ка и ка­ко трет­ман. Во таа на­со­ка се на­пра­ве­ни мно­гу ра­бо­ти: не по­стои ве­ќе ли­ста на че­ка­ње на ра­ди­о­те­ра­пи­ја, зго­ле­ме­но е ни­во­то на без­бед­ност и на пер­со­на­лот и на па­ци­ен­ти­те во од­нос на изра­бо­тка­та на хе­мо­те­ра­пи­ја­та и во од­нос на да­ва­ње­то на хе­мо­те­ра­пи­ја­та. Оваа го­ди­на го по­стиг­ну­ва­ме ма­кси­му­мот. Оста­ну­ва се­га да го да­де­ме ма­кси­му­мот и на дру­ги по­ли­ња.

 

На кои фа­кто­ри тре­ба да се обр­не по­себ­но вни­ма­ние во пре­вен­ци­ја­та на кан­це­рот?

РИ­СТЕ­СКИ: Си на­мет­нав­ме убис­тве­но, пе­кол­но ра­бот­но тем­по. За­тоа е по­треб­но пр­во са­ми­те да го нај­де­ме ба­лан­сот. Тре­ба да ре­ши­ме кој дел од де­нот ќе го по­све­ти­ме на се­бе, ко­га се­којд­нев­но ќе од­во­и­ме по два ча­са кои ќе ги по­све­ти­ме на сво­е­то здрав­је за да мо­же­ме и след­ни­от ден да функ­ци­о­ни­ра­ме нор­мал­но. Са­ми ќе про­це­ни­ме да­ли тоа е фит­нес, во­зе­ње ве­ло­си­пед, пла­ни­на­ре­ње, не е важ­но што е. Важ­но е да се тро­шат ка­ло­рии.

Интервјуто може да го погледнете на РепубликаТВ.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top