Двајцата најголеми фаворити за титулата на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, изборија меѓусебен дуел во четвртфиналето на вториот Грен слем во сезоната. Покрај Ѓоковиќ и Надал, во четвртфиналето обезбеди место и Енди Мари со победата во четири сета над Жереми Шарди.
Ѓоковиќ за нешто помалку од два часа забележа убедлива победа над Ришар Гаске со 6:1, 6:2 и 6:3.
Надал загуби сет против Американецот Џек Сок, но успеа да ја забележи својата 70-та победа во Париз. Надал славеше со 6:3, 6:1, 5:7, 6:2 по три часа игра.
Пресметката во четвртфиналето ќе биде вкупно 44-та меѓу Ѓоковиќ и Надал, а Шпанецот во меѓусебните дуели води со 23-20.
Три часа на теренот мина и Енди Мари тој со 6:4, 3:6, 6:3, 6:2 славеше над Жереми Шарди и во четвртфиналето ќе игра против Давид Ферер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Федерер: Додека Ѓоковиќ е на патот, далеку е стотиот трофеј
-
Подготви два милиона евра, ако сакаш татко ти да го видиш жив – гласела пораката на киднаперите на дедо и на Јелена Ѓоковиќ
-
Тежок судир на Ролан Гарос: Босанецот Џумхур „нокаутираше“ собирач на топчиња (Видео)
-
Агаси и Ѓоковиќ се разделија: Се согласивме дека не се согласуваме!