Советот за оценка на обвинетилниот акт при скопскиот Кривичен суд во текот на наредните денови треба да донесе одлука дали ќе има судење или предметот за „Пуч“ ќе биде вратен повторно во истрага.
Адвокатскиот тим од одбраната на Зоран Заев и другите обвинети за шпионажа, неовластено прислушување и насилство кон претставници на државни органи на денешната јавна седница во Кривичниот суд побараа обвинението за случајот „Пуч“ да биде вратено на Обвинителството.
Според адвокатите, во обвинението има нелогичности и нема доволно докази, а описот на дејствијата е паушален и неиздржлив.
Јавните обвинители пак побараа обвинителниот акт во целост да биде прифатен, затоа што доказите потврдувале дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои се товарат.
На јавната седница за разгледување на приговорите, освен јавните обвинители и адвокатите на одбраната, беа присутни и првообвинетиот Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорги Лазаревски и Бранко Палифров. На седницата не присуствуваше претседателот на СДСМ кој, според адвокатите не можел да дојде поради службени обврски.
Во случајот „Пуч“ единствено Заев кој е четвртоосомничен, од вкупно петмина осомничени, не е во притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.