Десет проценти од флашираната вода во Франција откриени се траги од пестициди и лекови, кои првенствено се користат за лекување рак на дојка, покажуваат резултатите од истражување на 60 милиони потрошувачи и Здружението на слободни потрошувачи на Франција.
– Краткорочно нема апсолутно никаков проблем во однос на квалитетот на водата. Водата е целосно исправна за пиење. Трагите на пронајдените супстанци се со големина од илјадити дел од микронот, што е занемарливо, тврди претставникот на Здружението Тома Лоренсо.
Анализата не води до сомневање во работата на фабриките за флаширање на вода, ниту исправноста на пакувањето, туку укажува на загаденост на животната средина под влијание на човечкиот фактор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


