| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид ќе добие затворен пливачки базен

Охрид и неговите граѓани по долги години исчекување ќе добијат затворен базен во чиишто рамки ќе има и деловен простор.

bazen2

Објавен е тендер за изградба на затворениот пливачки базен во Охрид, кој  ќе се простира на површина од 15 илјади квадратни метри, со предвидени трибини и над 500 седишта и со димензии на базенот од 33 на 22 метри.

Вредноста на инвестицијата е околу 5 милиони евра, а како инвеститор се јавува Агенцијата за млади и спорт.

bazen1

Со реализацијата на проектот кој ќе ги реинкарнира спортовите по кои Охрид беше препознатлив, а тоа се пливањето и ватерполото, ќе се реализира уште едно од барањата на Охриѓани, кое беше преточено во програмата на Владата на Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top