| четврток, 6 декември 2018 |

Сара Мејс го промовира спотот за песната „Пеперутки“ (видео)

Сара Мејс го претстави својот нов видеоспот за песната „Пеперутки“, која ѝ ја претстави на македонската јавност пред неколку недели.

sara mejs

– Многу ми е драго што овој пат решивме со мојата продукција да раскажаме една поинаква приказна, приказна која ги претставува македонските убавини, приказна во која се опишуваат многу емоции и најразлични чувства. Уште подраго ми е тоа што во спотот глуми Атанас Атанасовски, кој својата улога си ја претстави точно онака како што замислувавме – вели Сара Мејс за нејзиниот нов видеозапис за песната „Пеперутки“, кој денеска беше официјално објавен на „Јутјуб“.

sara mejs1

Спотот е сниман низ неколку скопски села, а идејата на режисерот Горан Костадинов е да ги претстави македонските убавини кои ни се толку блиску до градските гужви, а сѐ повеќе ги забораваме. Спотот раскажува една љубовна игра на двајца млади.

sara mejs2

Спотот е во продукција на „Горила филмс“. Тие се задоволни од резултатот, а благодарение на Министерството за култура, овој нов проект на Сара доби и субвенции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top