Кандидатот на СДСМ за градоначалник за Карпош, Андреј Петров, порачува дека одговорноста за поразот на изборите е на првите луѓе на партијата. Тврди дека членовите на партијата ќе ја имаат последната оценка. Петров вели дека никој во СДСМ не бега од одговорност, јавува телевизијата „24 вести“.
И покрај синоќешната најава на лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски дека е можно да се бојкотира вториот круг избори, од СДСМ за „24вести“ велат дека опозицијата ќе оди на избори. Извори на телевизијата од оваа партија тврдат дека немало да бидат фактор за дестабилизација, ниту, пак, ќе направат штета на изборниот процес.
Иако изборите за нив не биле фер, нерегуларностите ќе ги решавале по правен пат преку институциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


