| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец загина кај Бујановец

несреќа

Во сообраќајна несреќа кај селото Самољица во општината Бујановец, Република Србија, животот го загуби 19 -годишен македонски државјанин, додека другиот државјанин од Македонија(21) се здобил со повреди, соопштила Полициската управа на Врање.

До несреќата дошло вчера претпладне кога патничкото возила „опел астра“  со македонски регистарски таблички удрило во приколицата на влечниот воз за транспорт на работни машини, која била паркирана во лентата за запирање, пренесува Танјуг.

Увид извршиле заменик обвинителот на Основното јавно обвинителство и припадниците на МУП, се наведува во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top