Жозе Мурињо со Челси ја освои титулата во Англија по пауза од пет години. Тој се врати на кормилото на тимот од „Стенфорд Бриџ“ и веќе во втората сезона ја освои титулата.
Неговиот стил на работа е оспоруван од многу спортски личности, но тој тоа го правда со добро познатата, „Целта ги оправдува средствата“.
Челси иако ја заврши сезоната, сеуште е во тренажен процес бидејќи мора да ги одбрати однапред договорените промотивни натпревари на Блискиот Исток.
И покрај тоа што надмоќно ја освои Премиер лигата, Мурињо објасни зошто понекогаш е добро да се „паркира автобусот“ пред голот.
– Како се паркира автобус? Едноставно. Кога противникот ја има топката и не можете лесно да ја одземете, ти едноставно го земаш автобусот и го паркираш пред твојот гол. Тоа е изнудена работа, треба да го браниш голот, а така ти се зголемуваат шансите и да стигнеш до победа. Ако се одбраниш и постигнеш барем еден погодок – објасни Жозе Мурињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


