| четврток, 6 декември 2018 |

Андрес Иниеста е неизвесен за финалето во Берлин

Каталонскиот гигант Барселона веќе освои две титули оваа сезона, првенството и Купот на Шпанија, но најважниот меч го игра во сабота на 6.јуни во Берлин во финалето на Лигата на шампионите против Јувентус.

Тренерот Луис Енрике има големи грижи околу составување на првата екипа, бидејќи главниот мотор на средината фантастичниот Шпанец Андрес Иниеста се повреди во саботата во финалето на купот против Атлетик Билбао и мораше да биде заменет во 55.минута од Чави Хернандез.
Првичните проценки на лекарскиот тим на Барса се дека повредата на Иниеста не е нималку наивна. Тие ќе се обидат за само неколку дена да го оспособат за настап во финалето од ЛШ.
Тој е клучната алка во тимот на средината на теренот и секако Барселона без него во тимот ќе биде значително ослабена.
Иниеста ќе биде ставен на специјална програма за рехабилитација и сите на Камп Ноу се надеваат дека тој ќе биде целосно подготвен да истрча на Олимпискиот стадион во Берлин на 6.јуни заедно со Меси и другарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top