Триесет и тригодишната Јелена Ѓуриќ, која имаше неколку незаборавни настапи на „Икс-фактор“, синоќа го напушти шоуто бидејќи доби најмалку гласови од публиката. Таа и Нина Симиќ пееја песна за спас, но жирито одлучи публиката да го има последниот глас.
Охриѓанецот Боби Мојсоски повторно доби само добри коментари од жирито.
– Боби, се чини дека „Икс-фактор“ е шоу во кое победуваат Македонци – му рече Тончи Хулиќ.
Неговата менторка Александра Ковач, пак, само му порача дека се гледаат во финале.
Вечерва, повторно на тема љубов, ќе пее втората половина од кандидатите, а меѓу нив е и скопјанецот Давид Темелков. Како гостинка ќе настапи Елена Ристеска, која пред регионалната публика ќе ја промовира својата нова песна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)