| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно, нова песна на Елена Ристеска (ВИДЕО)

1-1

Фото: Бојан Стоилковски

По подолга музичка пауза, една од нашите најпознати пејачки, Елена Ристеска подготви изненадување за македонската, но и за регионалната публика, која ја има во уште поголем број по нејзиното учевство на шоуто „Твоето лице звучи познато“ кое се одржа во Белград, каде што Елена успеа да го освои второто место.
Вечерва на познатото музичко натпреварување „Икс-фактор“, Елена ќе ја промовира својата најнова песна на српско-хрватски јазик насловена како „Доживотно“.

Рефрен на српско-хрватски јазик:

Станува збор за композиција на познатата српска авторка, текстописец и композитор Александра Милутиновиќ со која Елена се запознала уште за време на Радискиот фестивал во Белград во 2008 година, но соработката започнала за време на шоуто „Твоето лице звучи познато“. Песната ќе има две верзии, една на српско-хрватски и уште една на македонски јазик. Инаку аранжманот е дело на искусниот Дарко Димитров.

Рефрен на македонски јазик:

– „Доживотно“ е песна која е многу емотивна и кога прв пат ја слушнав, ме остави без здив. Снимена е веднаш по моето учевство на шоуто „Твоето лице звучи познато“, бидејќи додека траеше ова шоу, јас и мојата пријателка Александра веќе имавме идеи за соработка. Кога ја слушнав оваа песна, не можев да издржам да не ја снимам веднаш. Оваа песна е нешто многу посебно за мене и сметам дека балканската, па и македонската публика ќе ја поврзат многу брзо за емоцијата која поминува низ оваа песна и мојот вокал. Направивме две верзии, една на екс-ју јазик и една македонска верзија. Особено ми е драго што ме повикаа песната да ја промовирам на „Икс-фактор“ затоа што пред 13 години и јас победив на едно слично шоу и оттогаш почна мојата кариера. Едвај чекам да ги слушнам коментарите вечерва по мојот настап – вели Ристеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top