| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска одлука за седница и расправа за Специјалниот суд во Косово

косово2

Претседателството на косовското Собрание денеска ќе расправа за владиниот нацрт-закон со кој се предвидува формирање Специјален суд и воедно ќе одлучи кога ќе биде одржана седница на парламентот.

Како што најави шефот на пратеничката група на Демократската партија на Косово, Адем Грабовци, седницата на Претседателството е закажана, а сигурно дека на дневен ред ќе биде нацрт-законот како и трошоците предвидени за работа на Специјалниот суд.

Приштински медиуми пренесуваат дека Грабовци нагласил и дека е сигурно оти во следните недели ќе биде одржана и седница на парламентот на чијшто дневен ред ќе биде законот за Специјалниот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top