Според неофицијалните резултати, од вкупно 32.000 избирачи колку што излегле да гласаат за градоначалник на Штип, 19.000 штипјани го дале гласот за Илчо Захариев, што претставува рекорд по освоени гласови во споредба со четворицата досегашни градоначалници на Штип, пишува „Вест“.
Во однос на досегашниот градочалчаник Зоран Алексов, кој важеше за досегашен рекордер, Илчо Захариев има освоено дури 5.000 гласови повеќе од него. Од 78-процентниот одѕив на штипските избирачи, Захариев доби дури 60 проценти и со убедливо водство тој стана градочалник уште во првиот круг.
„По добивањето на решението од ДИК , ја напуштам функцијата директор на Бирото за лекови каде што дадов многу за успешна трансформација на здравството и фармацијата во Македонија и веднаш се зафаќам кон реализација на ветените проекти на граѓаните во Штип“, вели новиот штипски градоначалник Илчо Захариев, кој во 2005 година ја вршеше функцијата претседател на Советот на Општина Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


