| четврток, 6 декември 2018 |

Кјелце заслужено го освои третото место во Европа

karol bjelecki

Полскиот тим Кјелце сосема заслужено го освои третото место на завршниот турнир во Келн во рамките од Лигата на шампионите во ракомет откако во малото финале го совлада германскиот претставник Кил со 28-26.
Во првиот дел двата тима акцент ставија на одбраните и затоа беа постигнати мал број голови, а резултатот беше нерешен (12-12).
Во второто полувреме избраниците на Талант Дујшебаев продолжија со цврстата одбрана и со одлични напади успеаја да го скршат отпорот на противникот на пет минути до крајот (27-23).

Handball Champions League EHF Final Four

До овој период Кил парираше пред се благодарејќи на Домагој Дувњак кој мораше предвреме да го заврши натпреварот поради три исклучувања.
Сепак Кил и по големото водство на противникот за само 3 минути успеа да постигне три гола дури имаше и шанса да го израмни резултатот на 2 минути до крајот, но најдобриот поединец на денешниот дуел кај полјаците голманот Славомир Шмал одбрани зицер, по што Кјелце преку брза контра ја завери победата.
Најдобар поединец во нападот кај победниците беше Карол Бјелецки со девет постигнати голови.

Во големото финале со почеток од 18 часот Кире Лазаров со својот тим Барселона ќе се обиде да дојде до титулата против унгарскиот преставник Веспрем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top