Шпанскиот тренер на клупата на Наполи Рафа Бенитез, вечерва во последниот натпревар од Серија А лигата ја завршува мисијата во Наполи, и веќе од среда ќе седне на клупата на Реал Мадрид.
Тој веќе ги планира засилувањата за кралскиот клуб за следната сезона, а едно од нив е моторот на Јувентус, Чилеанецот Артуро Видал.
Бенитез добро ги познава квалитетите на Видал и токму тој е профил на играч кој му е потребен во Реал. Со него „кралевите“ може да добијат на цврстина во средниот ред и лесно да доаѓаат во шанса за гол.
Италијанскиот весник „Кориере дело спорт“ најавува дека преговорите би можеле да отпочнат откако „старата дама“ ќе го одигра финалето во Лигата на шампионите на 6.јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.