Старо нов лидер на Демократскиот сојуз на Косово е Иса Мустафа. Тој, со јавно гласање денеска е реизбран на осмото изборно собрание на партијата.
Само двајца делегати гласале против реизборот на Мустафа, не вклучувајќи ги оние, кои пред гласањето ја напуптиле салата, поради непочитување на Статутот, кој предвидува тајно, а не јавно гласање.
Мустафа, кој е и актуелн косовски премиер на чело на партијата останува до 2019 година.
– Конгресот, беше придуржуван со низа случки кои потврдуваат дека единството во партијата е нешто што тешко може да се постигне. Десетте делегати од дијапсората, со одлука на Претседателството на партијата биле исклучени од работата на конгресот, бидејќи изборот во двата разгранока, во Швајцарија и во Германија, не биле одржани во согласност со партискиот статусот, објавија косовските медиуми, додавјаќи дека тоа го предизвикало првото незадоволство во редовите на партијата.
Во обраќањето на Мустафа на почетокот на собранието тој повикал на единство и искажал убедување дека партијата ќе биде силна како никогаш до сега.
Почесниот претседател на партијата Фатмир Сејдиу побарал од делегатите, Собранието да ја отфрли одлуката на Претседатеството и да дозволи делегатите од дијаспората да учествуваат во неговата работа, но неговото барање на било прифатено.
– Не беше прифатен и предлогот за измени на член 16 од партискиот статут, кој предвидува доколку има втор кандидат неговата кандидатура да биде потврдена од сите делегати. Тоа значи дека не дозволува во трката за лидер на партијата да има двајца кандидати. Токму тоа се случи и со кандидатурата на Вјоса Османи, на која не и беше дозволено да биде противкандидат на актуелниот лидер, Мустафа- пишува „Експрес“.
Собранието ја заврши работата со изборот на членовите на Советот на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Била втора жена на богаташ, ја тепал за време на бременоста, ќерка и имала рак: Која е жената со која Мустафа ја замени Емина?
-
Конечно ја преболe Емина: Мустафа објави фотографија со новата девојка
-
Се разведоа за 15 минути, после една деценија брак: По разделбата, се огласи и Мустафа!
-
Тргна на лошо: Мустафа и задава ниски удари на Емина!