Шесте светски сили денеска го усогласија механизмот за повторно воспоставување на санкции на Обединетите нации кон Иран, ако Техеран повторно ги прекрши одредбите од идниот нуклеарен договор.Договорот на шесторката, САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија и Кина, е чекор кон можниот договор со Иран и покрај препреките, како што е оневозможување на претставниците на ОН да ги посетат иранските воени објекти.
Нуклеарните преговори на Иран со шесторката почнаа кон крајот на 2013 година, а на почетокот на април постигнат е рамковен договор, кој треба да биде финализиран до крајот на јуни, според кој Техеран се обврзува дека значително ќе го намали бројот на центрифуги во замена за суспензија на санкциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.