Градската општа болница „8 Септември“ прерасна во една од најсовремените болници во Европа, истакна денеска премиерот Никола Груевски.

Благодарение на набавката на четири дигитални рендген-апарати, со отворањето на ново целосно реконструирано одделение за невролошки заболувања и интензивна нега и со набавката на нови лифтови со поголема носивост од претходните, болницата се изгради во еден голем медицински центар со висок квалитет и со одлична опременост.
Груевски информираше дека во јануари и во февруари годинава заврши постапката за набавка на нова апаратура, главно за Градската општа болница „8 Септември“.
– Деновиве опремата почна да пристигнува. Пристигнаа четири дигитални ренгени, од кои еден веќе е монтиран. Се работи за нови, најсовремени, од кои некои пред неколку недели се излезени од производство. Во оваа болница досега имаше само еден аналоген рендген, а имало потреба од повеќе – рече Груевски.
Тој истакна дека во тек е пристигнување и на останатата опрема од последната јавна набавка, која целосно ќе биде доставена до јуни годинава, додавајќи дека голем дел од лекарите во оваа болница се на различни видови обука во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сеќавање на осамостојувањето: Како Кљусев, Мијалков и Змејковски ги извлекоа македонските војници од Хрватска
-
Детали за дивеењето во болница: Вработен од обезбедување ја скршил вратата, починатиот му бил вујко
-
8 Септември, хорор на отсечениот град: Луѓето јадеа тапети и луѓе за да преживеат
-
Македонскиот народ успеа да создаде три држави за еден век


