Ни нацисти, ни глад ни смрт ни 872 дена крвава опсада не успеаја да го уништат Ленинград. 8 Септември 1941 година во светската историја е врежан како почеток на опсадата која одзеде преку милион човечки животи
„Троја падна, Рим падна, Ленинград не“ најубаво ја опишува неверојатната руска издржливост. Хитлер планирал да го спрамни со земјата денешен Сент Петербург, но не успеал. Иако оваа стара руска престолнина била две и пол години под нацистичка опсада, во која според некои податоци изгубени се милион и пол животи, главно од глад и недостаток на основни намирници, германскиот фирер не успеал да го освои Ленинград.
Опсадата завршiла дури во јануари 1944 година, откако предизвика најголем број цивилни жртви во светската историја.
Зимата 1941-1942 била посебно јака и температурите во Ленинград паѓале и до -40 степени. Луже секојдневно умирале на улиците од студ и од глад. Зиме градот буквално умирал. Дневно умирале илјадници луѓе од глад. Паѓале иумирале, снегот ги затрупувал, а напролет кога ќе се стопеле снеговите, по реките пливале трупови. Таква била стварноста, а по некое време веќе никој не се плашел и не се ужаснувал. Луѓето се навикнале. Во својот дневник Елена Скрјабина запишала: „Луѓето толку ослаба од глад што веќе не ѝ се противат на смртта. Умираат како да спијат. А полуживите околу нив не им обрнуваат внимание“.
Смрт од глад и канибализам
Боновите за храна не можеле да ги нахранат милионите гладни усти. Само за Божиќ 1941 годона умреле 4000 луѓе. А бонови занмувало. Најниската точка била достигната на 20 ноември 1941 година кога војниците во првите борбени линии добивале само 500 грама леб, работниците 250 грама, а чиновниците, децата и болнитепо 125 грама. Во текот на осадата почнале да се појавуваат и случаи на канибализам, зашто на некои трупови почнувало да им фалат делови. Во полициските записи е запишанод ека две илјади луѓе биле уапсени заради канибализам, 586 биле погубени затоа што ги убиле своите жртви.
Во најсмртоносната блокада на град во историјата само во јануари 1942 година умреле околу 130.000 луѓе, во април 50.000, а во септември 7.000.
Сета безизлезност на положбата во која се нашле граѓаните на нејзиниот роден град во својот дневник ја опшува девојчето Тања Савичева, која ги запишувала датумите кога умирале членовите на нејзиното семејство: „Савичеви умреа. Сите умреа. Остана само Тања“. Буквално умирајќи од глад, луѓето јаделе сѐ: струганици, тапети, мачки. Но, немале срце да ги јадат своите мачки, па се менувале со соседите. Тапетите ги ваделе од ѕидовите и ги вареле, а водата во која се вареле, ја пиеле. Била хранлиза, зашто некогаш ѕидните тапети се премачкувале со смеса од јајца и шеќер. По улиците немало кучиња. Сите биле изедени.
Јуначки отпор
Планот на Хитлер бил буквално да го срамни со земја Ленинград. Но, градот јуачки се бранел и покрај непрестаното бомбардирање. Само околу полоцина милион граѓани биле ангажирани на изградба на одбранбените појаси кои го претвориле градот во тврдибна. Жителите биле во постојан страв од смрт, а најдолгиот воздушен напад траел дури13 часа. Тогаш во градот експлодирале 2000 бомби.
Пат на живот или смрт
Германците го опколиле градот и ги блокирале сите патишта кои го снабдувале Ленинград и неговите предградија, освен еден коридор преку езерото Ладога. Кога се замрзнала површината на езерото, се отворил Патото на живото или смртта, улица која водела до јужните езерски брегови под советска власт. Оттму колона камиони го снабдувалеградот со храна и други потрепштини, а на враќање ги евакуирале граѓаните. И конвоите со храна и оние со луѓе редовно биле напаѓани од германската артилерија и воздухопловни единици.
Русите прво го нарекле овој коридор „Пат на животот“, но поради глемиот број загинати, набрзо бил наречен „Пат на смртта“. Најтежок период на опсадата било времето меѓу прекинувањето на пловидбата по езерото инеговото повтроно замрзнување. Тогаш бродовите не пловеле, а ни камионите не можеле да поминуваат.
Ред и дисциплина
И покрај осадата, во градот морало да се одржува ред. Кога во ноември 1941 година смрт од глад станало редовна појава, биле организирани посебни тимови кои секојдневно од улиците носеле стотина трупови. Во март 1942 годона работоспособното население излегло на широките авении на царскиот град за да го исчисти од смет, а веќе следниот месец започнало воспоставување комунална служба. Без разлика што водоводот и канализацијата не функционирале во текот на опсадата, во градот не избила ниту една епидемија.
Културен живот
И покрај тоа што не ѝ се гледал крајот на опсадата, во текот на целите две и пол години во градот во првата и најтешка зима за време на опсадата работеле неколку театри и библиотеки. Веќе следната пролет биле отворени училишта и уште театри.
Првиот концерт на градската филхармонија под опсада бил одржан на 9 август 1942, а вила изведена Ленинградската симфонија (Херојска симфонија) од Дмитриј Шостакович, создадена како симбол на отпорот на фашизмот. Таа е и симбол на опсадата, а ја извеле гладни музичари кои умирале свирејќи на сцената.
Дневникот на Тања
Тања Савичева имала 11 и пол години кога започнала опсадата на Ленинград. Цело време пишувала дневник, кој по нејзинита смр во 1944 година ќе стане светски познат и ќе бисе искористен како доказ за злосторстава на Хитлерова Германија во Нинберг во 1946 година.
Целото нејзино семејство умрело во текот на опсадата и таа останала сама. По некое време била евакуирана со другите деца кои умирале од глад. Иако другит преживеале, таа не, па последните месеци од животот ги минала во дом за инвалиди, а потоа на клиника за инфективни болести. Нејзината дијагноза била комплексна и поврзана со повеќе чинители. Официјално, умира од туберкулоза на дигестивниот тракт на 1 јули 1944 година, на 14 и пол години. Оригиналот од нејзиниот дневник се чува во Историскиот музеј на Ст. Петербург.
Во нејзина чест е наречен астероид откриен во 1971 година, а Советскиот Сојуз ѝ изградил споменик во 1972 во родниот град, Ст. Петербург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Историчари нашле нацистички ковчег стар 75 години: Кога го отвориле, имале што да видат! (видео)
-
Црниот телефонски именик на Хитлер продаден на аукција за 37.000 евра
-
ЦИА отвори тајни документи: Хитлер не се самоубил во бункерот
-
Сеќавање на осамостојувањето: Како Кљусев, Мијалков и Змејковски ги извлекоа македонските војници од Хрватска