Фудбалерите на Арсенал убедливо со 4-0 во финалето на ФА купот ја совладаа Астон Вила и заслужено го кренаа пехарот на најстарото натпреварување во светот.
Ова беше 19.финале за избраниците на Арсен Венгер и 12.титула што е рекорд во Ангилија.
Тео Волкот во 40.минута ја затресе мрежата на Астон Вила по асистенцијата на Алексис Санчез.
Чилеанецот во второто полувреме постигна фантастичен погодок со удар од 30 метри, Пер Мертесакер со удар со глава зголеми на 3-0, а точка на триумфот на „топчиите“ стави Оливие Жиру во судиското продолжение од мечот.
Арсенал оваа сезона ја заврши си пехарот од ФА купот, а се пласираше и во Лигата на шампионите следната сезона откако го освои третото место во Премиер лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)