Францускиот Уставен совет вчера ја потврди одлуката за забрана да се исклучува вода за оние кои не можат да ја платат. Во оценката на уставноста на законот усвоен лани, стои дека договорите и слободата на претпријатијата не може да воведат забрана за доставување на вода за социјално загрозените.
Законот на дистрибутерите на вода им брани да го прекинат водоснабдувањето во домовите на граѓаните дури и ако тие не ги подмириле сметките. Дел од јавноста ја поздрави одлуката, со оценка дека станува збор за кулминација на долга битка и последна пресуда во борбата за се почитува законот и дигнитетот на сиромашните.
Прашањето за уставното преиспитување на правото го покрена граѓанин на кој компанијата за водоснабдување Саур му ја исклучула водата на неколку месеци во 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


