| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров и Барселона се пласираа во финалето на фајналфор турнирот во Келн (видео)

Handball Champions League EHF Final Four

Македонскиот репрезентативец во редовите на Барселона и наш најдобар ракометар, Кире Лазаров во првото полуфинале на фајналфор турнирот во Келн со својот клуб Барселона славеше победа на полскиот преставник Кјелце од 33-28.
Лазаров седум пати успешно стрелаше кон голот на противникот и се искачи на врвот на табелата за најдобри стрелци во Лигата на шампионите со 106 постигнати голови.
Барселона докажа дека е подобар противник и со право важеше за фаворит во овој натпревар. Неколку пати резултатски се одлепи, но избраниците на Талант Душејбаев не се предаваа и се враќаа во натпреварот.

Handball Champions League EHF Final Four

Сепак Каталоцните успеаја во последните 10 минути да конечно да го скршат отпорот и заслужено да победат.
Даниел Шариќ беше тој кој со бравурозни одбрани успеа да ги спречи ударите на играчите на Кјелце во финишот од мечот и да го одведе својот тим во финалето.
Покрај Лазаров во дресот на Барселона се истакна и најдобриот светски ракометар Никола Карабатиќ кој беше најефикасен на теренот со осум гола.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Кил и Веспрем, а Македонија и на овој дуел ќе има свои прставници, бидејќи ЕХФ да го судат овој натпревар им го довери на судиската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top