На 72 жители од Кавадарци еднократно ќе им биде отпишан долгот по основ на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување.
– Станува збор за граѓани кои согласно на Законот за еднократно отпишување на долговите, доставија барања за тоа до Министерството за труд и социјална политика преку јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи од Кавадарци, го пренесе државната МИА Зоран Јованчев, претседател на Комисијата за финансии при Советот на општина Кавадарци.
Во барањето сите овие лица имаат наведено дека се корисници на социјална парична помош или постојана парична помош и бараат да им се отпише долгот по основ на искористена електрична енергија.
Ова е втор пат како Советот на општина Кавадарци носи одлука за отпис на долгови на кавадарчани. Јованчев нагласува дека долгови ќе се отпишуваат согласно динамиката на обработката на податоците од поднесените барања на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)