| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се отстрануваат катанците на љубовта од Мостот на уметностите во Париз

Градската управа на Париз почнува во понеделник да ги симнува стотиците илјади катанци на љубовта обесени на познатиот Мост на уметностите (Pont des arts) кој минатата година попушти под нивниот товар.

katanci

Од Мостот на уметностите преку реката Сена се протега прекрасен поглед на француската престолнина, а во светот е познат по своите катанци на љубовта коишто вљубените ги ставаат на неговата ограда.

Но, минатата година дел од оградата се урна под товарот на толку метал, при што, за среќа, никој не настрада.

Париската градска управа одлучи да ги симне катанците кои го „уништуваат споменикот на културата и се опасни за безбедноста на посетителите“.

– Ќе симнеме речиси милион катанци, вкупно тешки 45 тони – изјави Бруно Жујард, прв заменик на париската градоначалничка Ан Идалго.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top