Околу 500 демонстранти се собраа пред џамија во Феникс во американската сојузна држава Аризона, при што половината од нив протестираа против исламот додека другата половина им се спротиставуваа.
Полицијата за време на протестот успеа да ги задржи одвоени двете групи, а демонстрациите завршија без насилства и апсења.
Протестот против исламот го организираше жител на Феникс кој за себе вели дека е поранешен маринец кој се борел во Ирачката војна и верува дека исламот е насилна религија, јавуваат американски медиуми.
Тој беше предводник на колоната од околу 250 луѓе кои беа вооружени со пиштоли и ловечки пушки, а носеа американски знамиња и цртежи на пророкот Мухамед. Протестот кој траеше неколку часа привлече големо внимание на социјалните мрежи во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.