Пет сириски мигранти вчера биле нападнати и ограбени од група лица во село Смоквица, Гевгелиско. Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 10 и 30 часот во полициската станица Гевгелија.
Петте сириски државјани, кои илегално ја преминале грчкомакедонската граница, истиот ден околу 01:20 часот во с.Смоквица биле физички нападнати од страна на 7 8 засега непознати лица. Напаѓачите од мигрантите одзеле 1.000 евра и три мобилни телефони.
Од страна на итна медицинска помош тие биле пренесени во Медицинскиот центар Гевгелија, каде полициски службеници обавиле разговор со нив.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.