Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска во Софија оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов. На средбата присуствуваше и шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов како и претставикот на бугарските социјалисти Јанаки Стоилов.
Нашето место е во ЕУ и НАТО и правиме се за да се надмине кризата во Македонија која го засега и целиот регион, изјавил Заев на средбата со своите домаќини.
Од своја страна премиерот Борисов ја искажал поддршката која Бугарија и ја дава на Македонија за зачленување во ЕУ и НАТО и воедно го истакнал неговиот став за потербата од што побрзо решавање на кризата по демократски пат. Борисов исто така нагласил дека Бугарија е против сите намери за федерализација на Македонија.
Не се мешаме во внатрешните работи на Македонија но секако не засега што таму има политичка криза. Станува збор за соседна држава и народ кој ни е најблизок на Балканот. Тука се претставници и на бугарската опозиција за да покажеме дека во Бугарија не се делиме на леви и десни кога станува збор за вакви прашања. изјави Борисов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.