Светиот архиерејскиот Сабор на Српската православна црква ги екскомуницира поранешниот владика рашко-призренски Артемие и поранешниот игумен на манастирот Црна Река, Николај, јави Танјуг.Саборот одлуката ја донесе синоќа, а Артемие и Николај отсега ќе можат да ги користат само своите световни имиња, Марко Радосављевиќ, односно Негослав Николиќ.
Артемие и Николај практично се анатемисани, што е прв случај во историјата на српската црква.
Саборот во средата го повика Артемие да се врати на патот на мирот и единството со Црквата, но тој тоа го одби.
Иако Саборот со претходната одлука за расчинувањето Артемие го стави во редот на монасите, поранешниот владика одби да ја соблече мантијата и ознаките на неа.
Артемие е расчинет поради раскол на Црквата, што се смета за прв раскол во историјата на СПЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.