| четврток, 6 декември 2018 |

Турција до 2023 ќе направи сопствен патнички авион

Турција планира до 2023 година да развие и пушти во употреба домашен патнички авион, кој може да превезува 60 до 70 патници, а би се користел во домашен и регионален сообраќај за дестинации до 4.000 километри, пренесе агенцијата Тасс.

lot avion

Властите имаат намера максимално да ги искористат домашните ресурси за разој на производство на авиони.  Извршниот комитет за одбранбена индустрија на Турција неопходното искуство планира да го добие од американската компанија Sierra Nevada Corporation, со која заклучи рамковен договор.

Договорите се однесуваат на развој на два модели на мотори за идниот авион. Сите технички карактеристики на новиот авион ќе се решаваат тековно при реализацијата на проектот.

Покрај верзијата за патнички авион, во план е и развој на медицинска, полициска и воена варијанта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top