Кирил Лазаров е голема ракометна ѕвезда, а потврда за епитетот еден од најдобрите игтачи на денешницата е и поканата на ЕХФ ТВ токму македонскиот ас да говори за шансите на Барселона на фајналфор турнирот во Келн. Барселона утре од 15,15 часот ќе игра во полуфиналето со Кјлеце, а ако победи следи мечот за европската круна против подобриот од дуелот меѓу Кил и Веспрем, кој се игра истотака утре од 18 часот.
Лазаров беше гостин на ЕХФ ТВ, екипа која сними видеоматеријал за патот на Барса до завршниот турнир. Каталонците загубија само еден меч на патот до Ф4 и се главни фаворити за трофејот. Лазаров ја очекува првата клупска европска титула во кариерата.
„Имавме прекрасна сезона во Лигата на шампионите, но печатот и круната треба да се визираат во Келн. Според мене играме подобро од лани и јас навистина верувам во квалитетите на овој тим на Барселона“, вели Лазаров. Тој има шанса да биде најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Погледнете го видеоматеријалот со мини-интервјуто на македонскиот ас, пред настапот на Ф4 турнирот во Келн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)