Кеи Нишикори доби неочекуван подарок и без мака стана прв осминафиналист на Ролан Гарос, откако неговиот ривал Бенјамин Бекер се предаде поради повреда. Јапонецот ќе има време да се одмори и да се подготви за следниот противник, а кој ќе игра со него за пласман меѓу октетот најдобри на парискиот гранслем ќе се знае по дуелот меѓу Росол и Габашвили.
За Нишикори ова е повторување на најдобриот резултат на Ролан Гарос, откако на двапати играше во четвртата рунда, во 2013 година и лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.