Новак Ѓоковиќ има суперзасилување во обидот за првпат да го освои Ролан Гарос, а во неговиот табор во ВИП ложата беше познатиот фудбалски ас Златан Ибрахимовиќ.
Популарниот Ибракадабра ја поздрави победата на најдоброрангираниот светски тенисер против Жил Милер, а на крајот двете големи спортски ѕвезди се ракуваа. Ѓоковиќ, кој го има прекарот „Џокер“ се пласираше во третото коло на единствениот гранслем турнир што го нема освоено и ќе игра со талентираниот Австралиец Танаси Кокинакис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.