Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти денеска дека 90 отсто од залихите на хемиско оружје во светот се уништени, откако се неутрализирани околу 63 илјади метрички тони декласирано хемиско оружје, претежно од арсеналите на САД и Русија.
– Ова е голем пресврт, кој покажува дека сме на добар пат во ослободување на светот од хемиско оружје, нагласи директорот на Организацијата Ахмет Узумцу преку соопштение и додаде дека сите активности за уништување се завршени на безбеден начин.
Комплетното уништување на американските и руските резерви од ерата на Студената војна треба да биде завршено до 2020, односно 2023 година.
Од воведувањето на глобалната забрана за производство и складирање на хемиско оружје во 1997 година, 190 земји ја потпишаа Конвенцијата за хемиско оружје, под управа на Организацијата за за забрана на хемиско оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опасен криминалец во бегство: Тој им продавал жива на исламски терористи (ФОТО)
-
Голема полициска акција: Пресечен српско-косовски канал за продажба на хемиско оружје
-
Сирија демантира дека извршила напад со хемиско оружје
-
Организацијата за забрана на хемиско оружје ги анализира информациите за нападот во Идлиб