| четврток, 6 декември 2018 |

Наскоро отворање на нови фабрики на странски инвеститори

Најмалку 6 странски компании се очекува во претстојниот период да ги отворат своите гринфилд капацитети. А додека новите фабрики се во завршна фаза, некои од нив веќе работат во браунфилд простории за што имаат вработени. Дополнително регурутираат работници и за новите капацитети.

Таков е случајот со Текникал Текстајлс, германска компанија која ќе произведува индустриски текстил во зоната во Штип. Во јули треба да се отвори фабриката од 12 илјади квадрати, вредна 12 милиони евра, а во која се очекуваат најмалку 1000 вработени во финалната фаза. Компанијата веќе ангажираше 50 работници, а регрутирањето на нови е во тек, објави Економски.мк

КапКон Аутомотив е американксата компнаија која ќе инвесетира 18 милиони долари и ќе отвори 400 работни места. Фабриката во ТИРЗ Скопје 1 треба да се комплетира до крајот на август и во неа ќе се произведуваат инфлатори за воздушни перничиња. Процесот на вработувања тече и веќе се вработени 50 лица.

Италијанската компанија Диатек инвестира 10 милиони евра во зона Скопје 1 и ќе вработи најмалку 200 луѓе за произодство на премази, специјална хартија и фолии. Производството треба да почне во јули.

– Со отварањето на гринфилд капацитетите на новите фабрики ќе дојде до значително зголемување на бројот на вработени лица кои ќе бидат ангажирани во рамките на компаниите, а освен тоа ќе има позитивни придвижувања во макроекономскиот развој на Македонија, особено преку зголемвуањето на учеството на извозот на производи од Македонија кон странство и позитивниот ефект на соработката со локалните компании кои може да имаат улога на добавувачи на разни услуги и производи потребни за овие странски инвестиции, вели за Економски.мк Александар Ѓоргиев, портпарол на владата.

Американската Ки Сејфти Системс ќе произведува воздушни перничиња во фабриката во зоната кај Кичево. Во моментов вработени се 60 луѓе, а планот е да достигне до 1000. Градежните активности се започнати и капацитетот треба да биде готов најдоцна до декември.

При крај е изградбата и на откупно-дистрибутивниот центар за јаболка кај Ресен на компаниајта Епл Ленд од Дубаи. Во него ќе се вработат најмалку 100 луѓе, а комплекост со најавеното проширување ќе има капацитет за чување, калибирирање и пакување на 10 илјади тони јаболка.

Во текот на летото италијанската Технохозе ќе го пушти во употреба вториот објект во кој се планирани 150 вработени.

Производстовото на сите овие фабрики е наменето за извоз. Од владата не ја исклучуваат можност и други од странските компании да ги отворат капацитетите оваа година, а најавени се и поголем број на дртуги странски инвестиции во услугите, аутсорсингот, кол центрите, информатиката и рударството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top