| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Владата кон странските инвеститори се однесува како со натрапници

Една од најзагрижувачките работи е што новата Влада има крајно лош и непријателски однос со странските инвеститори, истакна мешу другото претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во своетот обраќање на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Неготино.

– Странските инвеститори ги нападнаа дека земале многу пари од државата, дека дошле тука да не експлоатираат. Се однесуваат спрема нив како спрема натрапници, а не како спрема фирми кои и самите се трудат нешто да направат и нудат нови работни места на населението. Што ќе се случи заради овој нивен катастрофален однос, народот ќе остане без работа ако продолжат на овој начин. Знаете зошто го прават ова, затоа што таму во таа партија има многу газди на кои не им одговара конкуренција, бидејќи тоа ги расте платите на фабриите кои веќе постојат. Тие потоа ќе мораат да ги покачат платите на своите работниици. Затоа не ги сакаат странските инвестиции и ги повлека сите промотори, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top