| четврток, 6 декември 2018 |

Масовни гробници пронајдени во Ирак

Масовни гробници со 470 останки од тела се пронајдени во ирачкиот град Тикрит.

Засега се смета дека Исламска држава е виновна за убиството на тие луѓе во 2014. година.

Претпоставките се дека најмалку 1.700 луѓе членови на шиитски милиции се можни жртви на егзекуција извршена по заземањето на воена база северно од Тикрит во јуни минатата година.

Труповите се откриени на честири места откако ирачките власти почнаа да претресуваат околлина на градот по преземањето контрола во крајот на март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top